Интернет е место на кое секоја секунда се трансферираат големи количини на податоци, а интерактивната мапа Internet in Real-Time по пат на веб страницата Pennystock.la на заинтересираните им нуди на забавен начин да откријат што се случува на интернет во само една секунда.
Податоците се собрани од различни извори и не одржуваат прецизни бројки, туку се темелат на проценки.
Фасцинантните податоци покажуваат дека корисниците во една секунда објавуваат 5.700 пораки преку Twitter, праќаат скоро 220.000 пораки преку апликацијата WhatsApp и гледаат повеќе од 2.300 часа на видео записи на YouTube. Истовремено Internet in Real-Time во секунда евидентира 50.000 лајкови и објави на најголемата социјална мрежа на светот, Facebook.
Pannystock.la на својата интернет страница “Battle of the Internet Giants” прикажува и колку пари во секунда заработуваат најголемите светски корпорации, па така може да се дознае дека Facebook во секунда заработува 48 долари, Microsoft 700 долари, а Apple 1100 долари, за разлика од Twitter каде во секунда губи по 20 долари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град