Кога зборуваме за социјалните мрежи, секој кој е зависен од нив сака барем две работи: уредување на твитовите и опција палец надолу на Facebook. Но, следува добра вест за Instagram корисниците кои веќе со години ја сакаат оваа опција која се воведува сега.
Имено, Instagram воведува неколку промени во своите опции, а тоа ќе ги развесели сите, а станува збор за можноста за бришење коментари и нивно филтрирање. Дополнително, наскоро ќе може и општо да се исклучи коментирање на своите објави, пишува Washington Post.
На оваа одлична идеја дошле програмерите на Instagram, а може слободно да се каже дека никогаш не е доцна за добри потези која ќе ги развесели корисниците, особено оние кои добиваат негативни и злобни коментари кои доведуваат до депресија.
“Наша цел е Instagram да се направи забавен, пријателски расположен и најважно безбеден. Веќе сега луѓето пробуваат да бришат некои коментари, а ние сме задоволни што секцијата со коментари ќе ја подобриме”, рекла Nicky Jackson Colaco за Washington Post.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град