Инцидент на Turkish Airlines при слетување во Сараево

На авионот му експлодирале две гуми при слетувањето

 |  инфодеск  | 

Turkish Airlines забележа нов инциденд при слетувањето на сараевскиот аеродром вчера вечер во 19.10 часот. Имено, на патничкиот авион му пукнале двете гуми на предниот дел од авионот.

Патниците кои полетале од Истанбул не занеле што се случува и во авионот настанала паника. За среќа, тие успешно се евакуирани и никој не е повреден, соопштила Белма Ќурековиќ, стручен соработник за односи со јавност на меѓународниот аеродром Сараево.

Причината за инцидентот сеуште не е позната.

Планирано било авионот на Turkish Airlines да полета назад за Истанбул во 20.35 часот, но судејќи според информациите на интернет страницата на аеродромот Сараево, тој лет бил откажан.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top