Новиот грчки национачистички министер за одбрана го натера стариот непријател, Турција, да ги подигне борбените авиони бидејќи само неколку дена од превземањето на должноста ги прелетал ненаселените острови покрај турскиот брег поради кои во 1996 година овие две земји беа на работ од војна.
Турските авиони влетале во грчкиот воздушен простор каде ги дочекале грчките, бидејќи министерот за одбрана Панос Каменос со челниците на грчката војска летале со хеликоптер над островот Имиа и фрлил венец во знак на сеќавање на тројца грчки офицери кои пред 19 години тука загинале во хеликоптерска несреќа, објавило грчкото министерство за одбрана.
Островот, Турците го нарекуваат Кардак, лежи на седум километри од турскиот брег. Грција и Турција се членки на Нато, но повеќегодишниот спор за овие острови ги доведе на работ од војна во 1996 година.
“Министерот за одбрана отиде таму да покаже патриотизам и да оддаде почит на оние кои таму загинаа”, рекла портпаролката на партијата Независни Грци (од каде доаѓа Каменос), Марина Кисовелони. “Никој ова не го направил досега”, додала таа.
Анкара не го потврдила тоа дека нивните авиони влегле во грчкиот воздушен простор. “Нашата страна ги превзеде сите потребни мерки, но нашиот воздушен простор не е нарушен и нема потреба за реакција” соопштило министерството за надворешни работи на Турција.
{loadpostition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град