Уште еден инцидент на малезиски авион

Втор инцидент за нешто повеќе од две седмици

 |  инфодеск  | 

Авион на малезиската авиокомпанија “Malindo Air” денес морал да се врати на аеродромот од каде што полетал бидејќи му се запалил еден од моторите.

Во соопштението на нискобуџетната компанијата, основана само пред една година, се наведува дека авионот сепак безбедно се приземјил и дека никој не е повреден, пренесува агенцијата АР.

Авионот полетал од аеродромот Субанг во близина на Куала Лумпур и требало да слета во градот Теренган на источниот брег на Малезија.

Пред две недели од радарите исчезна авионот на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на екипажот, за кои малезиските власти изјавија дека авионот се срушил на југот од Индискиот океан и дека досегашните напори за пронаоѓање некаква трага од него не вродиле со плод.

Ова е втор инцидент на авиосообраќајот во две недели над малезиското небо, но за среќа овој бил без последици по патниците и членовите на екипажот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top