Авионот, во кој се наоѓале околу 30 луѓе, бил и републиканскиот потпретседателски кандидат Мајк Пенс, неговата сопруга и ќерка. Леталото се излизгало од пистата на аеродромот Ла Гардиа во Њујорк, јави MSNBC, а изборната кампања соопшти дека нема повредени и истрагата за тоа како дошло до инцидентот е во тек.
Телевизијата во живо го покажала Пенс како стои на дождот во близина на авионот помеѓу возилата за вонредни ситуации и разговара со полицајците и други лица.
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го повикал Пенс да види како е по инцидентот, соопштиле од изборниот камп на републиканците.
Авионот слетал од Форт Доџ во Ајова каде Пенс учествувал на предизборен собир, а полетувањето од Ајова доцнело околу два часа поради лошо време во Њујорк.
Пенс го откажал учеството на собирот за собирање донации за кампањата предвидено за четврток во кулата на Трамп на Менхетн, извести MSNBC.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град