Имот на поранешна Југославија оди на тендер

Од вкупно 123 недвижности, земјите наследнички до сега поделиле 72, а нераспределени останале уште 51

 |  инфодеск  | 

Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора постигнаа договор за продажба на дипломатско-конзуларните имоти на поранешна СФРЈ кои се наоѓаат во Токио, Бон, Берн и Њујорк вклучувајќи го и шестособниот апартман на Менхетен.

Имотот е вреден околу 42 милиони долари а земјите се согласиле дека таа може да се продаде по повисока цена доколку се распише меѓународен тендер кој ќе биде објавен во „Вашингтон пост“ и „Економист“.

Од вкупно 123 недвижности, земјите наследнички до сега поделиле 72, а нераспределени останале уште 51. Поголемиот дел од овие недвижнини ги користи Србија.

Секоја земја нема да добие иста сума и прашање е колку од овие пари би добила Македонија. Србија се надева дека ќе и припадне третина, а слични побарувања има и Хрватска.

Наредниот состанок за продажба на недвижности треба да се одржи во март следната година во Белград.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top