“Имате iPhone – пробајте Samsung бесплатно!”

Војната за корисници се разгорува

 |  инфодеск  | 

Можеби не се работи за најголемото и најжестоко ривалство на модерното доба, но дефинитивно “војната” на Samsung и Apple оди во нова димензија бидејќи во компанијата од Јужна Кореја се досетиле на нова стратегија.

Се бомбардираа со судски тужби, сеуште се во тек, се шегуваа едни со други во реклами и промотивни спотови, воедно правеа сѐ за да ги уверат корисниците како нивните уреди се најдобри.  Со оглед дека немаат намера да се откажат од жестокото ривалство, а според финансиите Apple  е сосема во ред додека Samsung малку боледува, јужнокореанците својата маркетиншка и бизнис стратегија ја конципирале на тоа да бидат пред Apple. Можеби не технолошки, но бидејќи компанијата од Cupertin најави дека оваа есен помеѓу другите ќе ги претстави новите модели на iPhone, така Samsung одлучи да го помести датумот на излегување на Galaxy Note 5 моделот.

Очигледно и тоа не е доволно, па од компанијата одлучија да извадат нова акција и на сите корисници кои моментално имаат iPhone да им понудат тест “возење”. Така е и наречена промотивната кампања – Ultimate Test Drive – која на сите корисници на паметните телефони на Apple ќе им овозможи да го користат Samsung Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge+ цел месец без никаков надомест.

“Сакаме на луѓето да им овозможиме прилика да ги пробаат врвните модели на Samsung без никаков надомест. Само за тоа служи Ultimate Test Drive”, рекла Elizabeth Solomon, потпретседателката за маркетинг и грижа за корисниците во Samsung. Завиено во коректноста на “грижа за луѓето”, Samsung всушност сака да превземе што повеќе корисници на Apple, но колку во тоа ќе успее останува да се види.

Ќе биде интересно каков одговор на ова ќе има во Apple кој своевремено имаше слична акција за iPhone 5S во T-Mobile, но не со нагласок на Samsung.

Ultimate Test Drive во првата фаза ќе биде достапен за корисниците во САД а подоцна се очекува да се спроведе и во останатиот дел на светот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top