Веројатно најголем страв кој корисниците го имаат при плаќањето на интернет е дека хакерите или онлајн криминалците ќе дојдат до податоците и дека ќе ви ја испразнат сметката. Поради тоа е потребно големо внимание при пишувањето на своите лични и податоците од картичките, датумот на изминување, видот на картичката и безбедносниот број од три или четири броеви кој се наоѓа на задната страна од картичката.
Од компанијата Oberthur Technologies тврдат дека имаат решение кое во голема мерка ќе ја зголеми безбедноста на купувањето преку интернет и ќе оневозможи злоупотреба на податоците од банкарските картички. Нивната картичка е наизглед и со димензии иста како и сите други, но на местото каде што се наоѓа безбедносниот број на задната страна се наоѓа мал екран на кој тие броеви се менуваат континуирано на секои 40-60 минути, а екранот се напојува со литиум-јонска батерија која би требало да има рок на траење од околу три години. Со оглед дека кодот постојано се менува (се нарекува динамичен код – card verification value), ако некој успее да ги украде податоците на сопственикот на картичката, тој нема да може да ја користи, т.е. ќе има многу малку време за користење бидејќи безбедносниот код ќе се смени за кратко време.
“Се надеваме дека динамичниот код ќе го намали бројот на измами”, ја коментирал оваа технологија, за CNN, Martin Ferenczi од Oberthur Technologies.
Намалениот број на измами би заштедил многу пари на банките и нивните корисници, но проблемот со оваа картичка е нејзината почетна цена. Имено, спрема податоците на CNN, цената на Oberthur Technologies ќе изнесува помеѓу 10 и 20 долари, така што некои банки кои би сакале да ги заменат картичките би имале трошоци помеѓу 300 и 600 милиони долари.
Освен зголемена безбедност, оваа картичка има и некои додатни можности во однос на картичките кои денес ги користиме – на пример со неа може да се потврди трансакција со едноставно приближување до терминалните единици за плаќање и навистина оваа картичка би можела да биде картичка на иднината која со тек на време ќе ги замени картичките кои денес ги користиме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град