Идентификуван е третиот терорист од Bataclan

Терористот се вратил од Сирија во 2014 година

 |  инфодеск  | 

Полицијата во Париз го идентификува третиот напаѓач кој се разнесе во салата Bataclan за време на нападите во Париз, јавува BBC повикувајќи се на француски медиуми.

Деведесет луѓе беа убиени во Bataclan за време на нападите кои се случија минатиот месец.

Повеќето француски медиуми не јавија како се вика третиот напаѓач, но весникот Le Parisien навел дека неговото име е Fouad Mohamed-Aggad од Стразбур.

Весникот се повикува на сигурни извори и тврди дека Aggad се вратил од боиштата во Сирија во 2014 година.

Другите двајца напаѓачи кои се разнесоа во оваа сала беа идентификувани како Omar Ismail Mostefai и Sami Amimour.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top