Анкетата на Spectrum group спроведена помеѓу бизнисмените кои располагаат со средства поголеми од еден милион долари, покажала дека 69% од нив се залагаат за бришење на еден работен ден. Жените милионери се во предност на оваа анкета, т.е. 82% од нив сметаат дека права мерка се четири работни дена во неделата.
Сепак, како што пренесува NBC кратката работна недела подразбира подолго работно време. Повеќето анкетирани сметаат дека за нивната работа и понатаму се потребни 40 часа неделно, но на луѓето повеќе им одговара да работат 4 дена по 10 часа.
За 4 дневна работна недела се говори сѐ повеќе во последните години, таа полека се воведува во поедини земји (Швајцарија), а и британските експерти предупредиле дека 5 дневната работна недела во овие околности има големи последици по здравјето и социјалниот живот на луѓето.
Во оваа дискусија се вклучил и првиот човек на Google, милијардерот Larry Page, кој исто така се залага за промени.
“Мислењето дека сите мораат да работат секој ден за да ги исполнат очекувањата, едноставно не е точно. Трошиме премногу време работејќи работи кои не се важни и се непотребни. Потребен е координиран начин да се скрати работната недела”, рекол Page.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град