Нето профитот на рускиот Гаспром во 2013 година е намален за 7%, и покрај зголемената продажба на гас, на пазарите во Европа, се наведува во соопштението на компанијата.
Нето профитот од 23 милијарди евра е под очекувањата на аналитичарите, додека вкупната продажба пораснала за 10% или 105 милијарди евра, се додава во соопштението а пранесува AFP. Меѓутоа, обемот на продажба на гас за бившите советски републики, од кои најголем пазар е Украина, е намален за 20%.
Нето профитот на Гаспром втора година по ред оди надолу, по 10% во 2012 година, а поради тоа енергетскиот гигант го загуби статусот за најпрофиталбилна светска компанија.
Во финансискиот извештај на Гаспром се наведува дека и ценовните несложувања со Киев најверојатно ќе има како последица прекин на извозот кон Европа преку гасоводот кој минува низ територијата на Украина, пренесува Reuters.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град