IBM и Microsoft ќе заработуваат на кинескиот смог

“Расте интересот за следење на квалитетот на воздухот…”

 |  инфодеск  | 

Загадениот воздух во Кина би можел да стане голем бизнис. Двете најголеми светски технолошки компании, IBM и Microsoft, го испитуваат потенцијалниот пазар за прогнозирање на квалитетот на воздухот во Кина.

Големите количини на смог кои се надвиваат над Пекинг предизвикаа властите на кинеската престолнина овој месец да прогласат два “црвени аларми” – предупредувања до секој од 22 милиони жители дека загадувањето се очекува во следните три дена, а можеби и подолго.

Ваквите предупредувања се засноваат на прогнозата за загадување која им е од големо значење на лидерите на комунистичката партија кои бараат напредок во следењето и контролирањето на смогот. Интересот е зголемен и поради припремите на Пекинг за Зимските олимписки игри во 2022 година бидејќи таму смогот е поголем во ладните месеци.

“Расте интересот за следење на квалитетот на воздухот. Сѐ повеќе луѓе ги интересира таква информациска технологија”, рекол Yu Zheng, истражувач во Microsoft.

“Ако можете да го предвидите времето, тогаш е потребно само уште неколку дополнителни варијабли  да можете да го предвидите и квалитетот на воздухот”, вели Robert Rohde од непрофитната организација која го мапира кинеското загадување.

И Microsoft и IBM ги осигураа своите први државни клиенти откако ја развија првата технологија за прогноза на загадувањето. Првиот клиент на IBM е канцеларијата за заштита на човековата околина на градот Пекинг, додека Microsoft потпиша договор со Министерството за заштита на човековата околина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top