Huawei претстави телефон со екран од 6,8 инчи

Фаблетите во последно време сѐ популарни

 |  инфодеск  | 

Фаблетите во последно време се сѐ популарна категорија на мобилни уреди и со сѐ повеќе корисници, благодарение на големите екрани. Најпопуларни фаблети на светот моментално се Galaxy Note 4 на Samsung, со екран од 5,7 инчи и iPhone 6 plus со екран од 5,5 инчи и повеќето други фаблети се со слични големини.

Но, за оние кои тоа е малку и сакаат уред со големина на таблет со кој ќе можат да телефонираат, Huawei вчера го претстави моделот P8max. Овој уред доаѓа со дијагонала од дури 6,8 инчи (станува збор за еден од најголемите телефони/фаблети на светот) со резолуција од 1920х1080 пиксели, а иако со големи димензии, Р8мах е тенок само 6,4 мм.

Исто така, треба да се истакне и батеријата од 4,360 mAh која би требало да издржи два дена на просечно користење, односно околу 15 часа континуирано сурфање по интернет или гледање видеозаписи. Останатите опции вклучуваат 2GHz осум јадрен процесор Kirin930, 3GB RAM, 32, односно 64 GB меморија, задна камера од 13МР со оптичка стабилизација на сликата и предна камера со резолуција од 5МР.

Цената на овој уред ќе изнесува 550 евра за 32GB, односно 650 евра за моделот со 64GB меморија, а во продажба би требало да се појави наскоро.

Освен овој модел, Huawei го претстави смартфонот P8 кој доаѓа со класичен 5,2 инчен екран кој има сличен хардвер – 2GHz процесор, 3GB RAM, 13MP камера со оптичка стабилизација на сликата, предна камера од 8МР и тенок е 6,4 мм, а ќе се продава во верзии од 16 и 64GB RAM.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top