Откако живеат во ЕУ, дел од производите на Хрватите секако им се поефтини, меѓутоа на цената на живеењето влијаеле и разни други околности, не само членството во ЕУ.
Во стан од 60 квадратни метри, во однос на минатата година, се живее поскапо, и тоа во просек за 25 куни. Многумина ќе речат дека тоа не е многу, но вкупната цена на живеењето во последните четири години, малку по малку, пораснало за 20%.
Цените на режиските сметки се поголеми а последното зголемување било оваа седмица на сметките за вода. Но од друга страна пак поефтиниле некои прехранбени продукти. Проблемот е во тоа што граѓаните тешко можат тоа да го почуствуваат во секојдневниот живот бидејќи животот им станува поскап.
Сепак, спрема статистичките податоци, индексот на цените за храна е понизок од минатата година. Најмногу поефтиниле маслото за 12,6%, лебот и житарките за 1%, месото за 2,5%, зеленчукот за 5%, а овошјето за 7%.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град