Херој скриен во картонска кутија помагал во ловот на терористите

Полицијата го знаела секој чекор на терористите

 |  инфодеск  | 

Графичкиот дизајнер, Lilian Lepre, работник во печатницата во која се забарикадирале браќата Kouachi, откако во средата убија 12 лица во нападот на редакцијата на Charlie Hebdo, се покажал како прав херој.

Убијците Said и Cherif Kouachi не биле свесни дека полицијата го знае секој нивни чекор. Откако го извршија нападот на редакцијата на Charlie Hebdo тие се забарикадираа во една печатница околу 30 километри оддалечена од главниот град на Франција. Сопственикот на печатницата, терористите го земаа како заложник, но 27 годишниот вработен се скрил во картонска кутија од која бил во можност да ја известува полицијата залокацијата на напаѓачите во зградата, пишува Daily Mail.

Повеќе од шест часа овој графички дизајнер праќал пораки со клучни информации, а опсадата се заврши со крваво пукање после кое се убиени браќата Kouachi.

Момчето првата порака од клаустрофобичното скривалиште ја пратил насвојот татко – “Скриен сум на првиот кат. Мислам дека ги убија сите. Кажи ѝ на полицијата да интервенира”, напишал тој. Следело воспоставување на комуникација со полицијата, а момчето од драматичната ситуација се извлекол неповреден. Истиот ден му е пружена психолошка помош и пуштен е кај фамилијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top