Хакирана интернет страницата на американската војска

Обама инспирирал хакерски напад

 |  инфодеск  | 

Само неколку часа по говорот на претседателот на САД, Барак Обама, за безбедноста на интернетот, срушена е официјалната презентација на американската војска, а одговорноста за нападот го превземала хакерска група која ја поддржува сириската влада.

“Хакирано од страна на сириската електронска војска, престанете да ги обучувате терористите, вашата влада е корумпирана и немојте да ја слушате”, се пораките кои се нашле на официјалната интернет страница на американската војска.

“Сириската електронска војска” фотографиите ги објавила на Twitter, а експертите навеле дека нападот е извршен преку системот Лајмлајт.

Непосредно по нападот американската администрација ја тргнала страницата, со образложение дека тоа се превентивни мерки за да се сочува безбедноста на доверливи податоци.

Претходно Обама на самитот Г7 во Берлин рекол дека Конгресот мора да продолжи со усвојување на закони кои ја регулираат безбедноста на интернет.

“Државни и недржавни актери работат за да упаднат во доверливи системи. Мораме да бидеме поагресивни во одбраната на нашите системи отколку што сме сега”, рекол Обама.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top