Хакиран сензорот на Galaxy S5

Хакерите можат да украдат пари при користење на PayPal

 |  инфодеск  | 

Откако Apple го претстави iPhone5 на кого најголема новина беше сензорот за отисок на прстот, сигурносните експерти ги предупредија корисниците дека е подобро да не ја користат таа опција затоа што би можеле да имаат големи проблеми ако до тие податоци дојдат хакерите (можете да промените лозинка ако ви ја украдат, но не можете да ги промените вашите биометриски податоци).

Не долго по објавувањето, германски хакери објавиле видео на кои покажале како е можно да се хакира сензорот за прстите на iPhone5.

Ваков проблем сега има и топ моделот на Samsung Galaxy S5 кој исто така има читач за отисоци на прстите.

Овој модел во продажба се појави пред неколку дена, а на екипата од германскиот Security Research Labs му биле потребни само неколку дена за хакирање на сензорот и тоа со истата метода со која претходно го хакирале iPhone5. Посебно опасно е тоа што сензорот на Galaxy S5 се користи за плаќање на PayPal така што криминалците имаат можност за крадење на пари од сметките на корисниците на PayPal.

Иако од Samsung не сакале да го коментираат хакирањето на нивниот сензор, од PayPal изјавиле дека сериозно ќе пристапат на овие откритија на Security Research Labs, но додале како се уверени дека плаќањето со отисок на прст овозможува едноставен и сигурен начин на плаќање во однос на класичниот со кредитна картичка и класична лозинка.

Исто така додале дека ако некогаш дојде до хакирање и кражба на пари, тие тоа ќе го надоместат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top