Можеме само да замислиме какви податоци се наоѓаат во компјутерите на полицијата – информации за криминалци,луѓе кои се под истрага, планови за идни акции и слично, и можеме да претпоствиме дека тие компјутери се заштитени со најдобрите антивирусни програми и дека корисниците внимаваат какви страници посетуваат од тие уреди. Сепак, последните месеци сѐ повеќе читаме како полициските станици имаат проблеми со хакерите кои вметнуваат malware и кој ги заклучува нивните компјутери и ги блокира сите податоци на нив. За пристап до овие податоци хакерите наплатуваат откупнина која е најчесто од 300 до 500 долари.
Последен таков случај забележан (што се однесува до полицијата) е неодамна во станицата County во Мејн во САД, каде компјутерите биле заразени со ваков malware така што не можеле да пристапат до многу важни документи. Шерифот, Todd Bracket им рекол на новинарите дека неколку пати се обиделе да ги отклучат компјутерите и да дојдат до документите, но во тоа не успеале. На крајот им останало само да ја платат откупнината од 300 долари на хакерот. Тогаш на сцена стапиле агентите од ФБИ кои требало да влезат во трага на платените 300 долари. Трагата ги довела до сметка во швајцарска банка, но идентитетот на сопственикот на сметката останал непознат.
Безбедносните експерти предупредуваат дека полицијата на овој начин праќа лоша порака до сите кои имаат проблем со хакерите, бидејќи ако тие немаат решение за ваков вид на киднапирање на комјутери и ако еден хакер за сума од 300 долари може вака да се поигрува со полицијата и ФБИ, тогаш што може да очекуваат обичните корисници кога ќе се најдат на удар на сајбер криминалците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град