Гугл претстави смартфон со 3Д сензори

Има прилагоден хардвер и софтвер

 |  инфодеск  | 

Гугл претстави прототип на смартфон со прилагодени хардвер и софтвер кој овозможува креирање на тродимензионални мапи на опкружувањето на корисникот.

Сензорите на овој апарат прават повеќе од 250.000 3Д мерења во секоја секунда и ја освежуваат позицијата во реално време. Гугл соопшти дека оваа технологија има потенцијална примена во видеоигрите и мапирањето во затворен простор, што би го олеснило самосталното движење на лицата со ослабен вид.

Компанијата понудила 200 прототипа на експерти за развој на апликациите, пренесува BBC.

Гугл исто така соопшти дека неговото одделение за напредна технологија и проекти го развил овој телефон како дел од проектот Танго, кој е дел за помагање на истражувачите од различни институции.

“Ние сме физички суштества кои живеат во тродимензионален свет. Нашите мобилни апарати претпоставуваат дека се физички свет кои завршува на границите на екранот. Целта на проектот Танго е да мобилниот апарат стекне човечко чувство за простор и движење“, соопштила компанијата.

Гугл веќе ги претстави интелегентните, специјални очила, чија продажба почнува оваа година, а работи и на паметните контактни леќи кои можат да го мерат нивото на глукоза во солзите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top