Google го менува светот

Воздушни велосипедски патеки

 |  инфодеск  | 

Larry Page неодамна на TED конференцијата објаснил некои од начините кои неговата компанија сака да го подобри светот.

Google моментално е една од најмоќните компании на светот, а нејзиниот извршен директор Larry Page верува дека тие можат да ја искористат моќта и парите кои ги имаат за да го променат светот. Page на неодамнешната конференција зборувал за начините на кои неговата компанија ќе ги подобри условите за живот на земјите во развој, но и земјите како што е САД.

Една од првите и најважни работи која ќе ја направел Google е да овозможи едноставен пристап на целокупното знаење во светот, а за да го отстварат тоа потребен е пристап на интернет насекаде во светот. Од компанијата тоа го претставиле уште минатата година – со користење на балон кој би служел како интернет пристапна точка со која би се поврзале корисници на кој интернет не им е достапен.

Благодарејќи на интернетот, фармерите во земјите во развој ќе ги дознаат причините поради кои не им успева родот, а ќе можат да се поврзат и да разменуваат искуства со други фармери ширум светот.

Што се однесува до развиените земји, Page рекол дека желба му е, сите во САД јавно но анонимно да ги објават и споделат своите здравствени картони затоа што на тој начин би можеле да се спасат сто илјади животи годишно.

Тој исто така верува дека во иднина можат да се спасат човечки животи по патиштата низ САД, ако автомобилите ги управуваат компјутери а не луѓе.

Уште една луда работа за која размислува Google а сеуште е само фантазија, е воздушна патека за велосипеди.

Имено, Page сака што повеќе да се користат велосипеди, но за да се намали опасноста која секојдневно им прети на велосипедистите во сообраќајот. Тој смислил воздушна патека по која би возеле велосипедистите и на тој начин не би биле во опасност од автомобилите по улиците. „Google сака да работи на проекти кој никој друг не ги работи“, заклучил извршниот директор на оваа компанија и додал декакорпорациите треба да се „агенти за промени“, и го пофалил Elon Musk и неговите Тесла автомобили со Space X проектот чија цел е одење на Марс.

{loadposition content9}  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top