По грешка банка уплатила шест милијарди долари на свој клиент

Инцидентот се надоврзува на низата скандали во таа инвестициска банка

 |  инфодеск  | 

Најголемиот заемодавач во светот, Deutsche Bank (DB), случајно на еден свој клиент му дозначил шест милијарди долари по впишување на погрешни бројки, објавија медиумите.

Таа грешка во јуни ја направил помлад член на тимот на DB за продажба на девизи, објави Bloomberg. Шест милијарди долари се пратени на клиент во американскиот Hedge фонд, а парите се вратени еден ден подоцна. Тоа се случило бидејќи вработениот користел бруто наместо нето бројки, се наведува во соопштението.

Инцидентот се надоврзува на низата скандали во таа инвестициска банка со седиште во Франкфурт која минатиот викенд започна големо преуредување во работењето и управувањето.

Двајца извршни директори, Anshu Jain и Juergen Fitschen  во јуни дадоа оставки поради неотстварена цена на добивка и низа на други грешки.

Банката е затрпана со околу 6000 правни постапки, а во мај месец доби рекордна парична казна од 2,5 милијарди долари за местење на каматните стапки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top