Грчки острови на тотална распродажба

Инвестициони можности

 |  инфодеск  | 

Цените на недвижностите на грчките острови осетно опаднале во последните неколку години, овозможувајќи на тој начин значајни инвестициони можности, пишува грчкиот дневен весник Катимерини.

Просечна цена на куќа на популарните острови е намалена за 33% во однос на 2008 година, додека цените на големите имоти и луксузни палати паднале дури за 40 до 50%, велат агентите за продажба на недвижнини во Грција.

Претседателот на грчката федерација на агенти за недвижности, Јанис Ревитис, рекол дека просечните цени за квадратен метар на следните острови чинат: Миконос 3000 евра (4500 во 2008), Санторини 3300 евра (5000 во 2008), Парос 2000 (3000 во 2008), Наксос 1600 (2650 во 2008), Серифос 1500 (2200 во 2008), и Хидра 2550 (3500 во 2008).

Најголемиот дел од инвеститорите се заинтересирани за купување на земјиште за идна изградба на хотели и одморалишта.

„Денес 80% од купувачите на островите се странци, а само 20% се Грци. На странските државјани интересна им е и можноста да добијат и стална виза ако во Грција вложат повеќе од 250.000 евра“, вели Ревитис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top