Грција е минијатура во споредба со финансиското цунами кое ја тресе Кина

Кинеските акции тонат, кризата збриша милијарди долари од берзата

 |  инфодеск  | 

Најмалку 1.430 од 2.800 регистрирани компании на берзата се суспендирани од тргување додека пазарот продолжува со неверојатна флуктација, пренесува CNN повикувајќи се на државни медиуми во Кина.

Компаниите, воглавно мали и средни, очигледно покажуваат нервоза поради големите промени на вредноста на своите акции на берзата. Акциите на компаниите можат да бидат суспендирани од тргување со месеци, дури и години и сѐ е во рацете на регулаторот кој издава одобренија. Додека тоа го прават, компаниите можат да најдат некаква алтернатива од нестабилноста, но тоа само го одложува неизбежното.

Акциите во Шангај паднале повеќе од 30% за помалку од еден месец, откако претходно достигнаа неверојатни вредности. Во еден момент шангајскиот композитен индекс се зголемил за 60%, а потоа тргна паѓањето.

Кинеската влада се обиде да го стабилизира пазарот, но се чини дека тие напори имаа мал ефект – пазарите и понатаму се нестабилни.

Кинеските акции потонаа и покрај напорите на регулаторот да ја задржи кризата која збриша милијарди долари од берзите во земјата.

“Во овој момент се чувствува паника на пазарот и експанзија на ирационални дампинг акции, што доведува до паѓање на ликвидноста на берзата”, оценила кинеската регулаторна комисија за хартии од вредност.

Владата вложува напори да го спаси пазарот. Централната банка драстично ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, брокерските куќи се обврзани да купуваат акции вредни милијарди, а регулаторите ги суспенираат новите IPO. Меѓутоа, инвеститорите не се уверени во успех на овие мерки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top