По 23 часовно заседавање кое започна во понеделникот попладне, исцрпените грчки функционери се појавиле во еден хотел во центарот на Атина и соопштиле дека двете страни ги договориле деталите на договорот и дека останале неколку ситни прашања за кои треба да се договорат.
“Конечно имаме бел чад. Постигнат е договор. Некои мали детали токму сега се договараат”, рекол официјален претставник на министерството за финансии на Грција.
Се очекува договорот да биде вреден 86 милијарди евра, во облик на нови заеми за долговите на презадолжената Грција, но претставникот не го потврдил тој износ. Грчките власти се надеваат дека договорот ќе биде ратификуван во парламентот во среда или четврток, а министрите за финансии во еврозоната би можеле да одлучуваат во петок. Тоа би отворило пат за исплата до 20 август кога доаѓа наплата на долгот од 3,3 милијарди евра кон Европската централна банка.
Договорачите расправале и околу тоа како да се втемели фонд кој би го опфаќал државниот имот на Грција, а би бил дизајниран со цел да се соберат 50 милијарди евра од приватизација, од што три четвртини ќе се искористат за докапитализација на банките и намалување на долгот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град