Грчките синдикати го започнаа генералниот штрајк поради острите мерки за штедење. Работата е прекината и во железничкиот и траектниот сообраќај.
Работата во државните болници и други јавни служби се одвива отежнато. Во 24-часовниот генерален штрајк пореметено е функционирањето на градскиот превоз во Атина, каде синдикалците денес планираат протестна прошетка пред парламентот, пренесува агенцијата АР.
Синдикатите бараат укинување на болните мерки за штедење кои грчката влада морала да ги усвои за да ги добие пакетите од меѓународната помош и така да се спаси од банкрот кој на таа земја и прети од 2010 година.
Повеќе пати зголемената стапка на данок ја пробудија шестгодишната рецесија во Грција, додека стапката на невработеност достигнала рекордни 28%. Постојат сепак показатели дека ситуацијата полека се поправа, па се очекува дека грчката економија оваа година ќе почне полека да бележи раст.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град