Градоначалник ја поминал ноќта како бездомник

Го почувствувал животот под ведро небо

 |  инфодеск  | 

Сам почувствувал со што се соочуваат луѓето кои живеат на улица. Градоначалникот на Стоктон во Калифорнија, Ентони Силва, одлучил во неговиот град да нема повеќе бездомници, но пред да промени било што, решил сам да го почувствува животот под ведро небо.

Така, на 15 мај, Силва направил засолниште од картони и селотејп под надвозникот и тука ја поминал ноќта во друштво со голем број бездомници.

Имено, во Стоктон има помеѓу 14 и 16 илјади бездомници, а градоначалникот бил шокиран од приказните кои ги слушнал од нив.

“Ова е шокантно и ужасно. Ова не е земја на третиот свет. Ова е Стоктон во Калифорнија и срамота е што сме дозволиле работите да заминат толку далеку”, рекол тој.

За да помогне на бездомниците, тој предложил развивање на центри за преквалификација кои би функционирале во рамките на постоечките непрофитни организации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top