Горчлива победа на Apple над Samsung

Apple ја доби пресудата против Samsung, но…

 |  инфодеск  | 

Apple ја доби пресудата против Samsung во својата последна судска борба во врска со патентот, но Samsung сосема сигурно е тој што се смешка на патот кон банката.

Судот во Калифорнија го казни Samsung со само 119,6 милиони долари од бараните 2 милијарди.

Можеби е ова иделаен резултат за Samsung, но можеше да биде полошо. Во прашање е симболична победа за технолошкиот гигант од Кореја, а со самото тоа и мал триумф на Google.

Со оваа пресуда, се чини дека војната полека се смирува, иако Стив Џобс изјавил порано дека е спремен и за употреба на нуклеарно оружје за да го уништи Andriod.

Резултатот на оваа војна е само потврда дека корисниците денес имаат на располагање голем број на телефони кои се многу пософистицирани и се разликуваат по дизајнот и функционирањето.

Можно е во иднина да не очекува нова битка со оглед дека Apple е со право разочаран поради ваков исход, бидејќи тие се сметаат за компанија која го развива светот, чии менаџери тоа често го цитираат кога објаснуваат зошто компанијата мора да ги тужи сите.

Засега резулататот е јасен. Samsung успеа да го одбие Apple во оваа битка, до очекување на нова.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top