Google минатата година најави дека ќе овозможи употреба на својата translate функција во други апликации, а оваа функција ќе биде достапна од следното ажурирање.
Новиот Tap to translate мод на корисникот му овозможува копираниот текст да се преведе внатре во другата апликација, без влегување во самата Google translate апликација. Cѐ што треба да се направи е да се копира текстот и ќе се појави иконата за преведување.
Оваа функција ќе работи на сите јазици кои ги поддржува самата апликација, а Google наведува дека оваа функција ќе поддржува и off line начин на работа.
Новата функција на iOS корисниците ќе им овозможи превемање на мал јазичен пакет а да преведувачот може да работи и кога уредот нема интернет врска.
Моментално не постојат off line јазични пакети за сите јазици кои ги поддржува Google, но во компанијата наведуваат дека во иднина тоа ќе се проширува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град