Добрата вест од Google е тоа што овозможи бришење на поштата за која сте пожалиле што сте ја пратиле. Новата функција ќе ви овозможи брзо да го избришете мејлот и така да спречите тој да стигне до примачот. Функцијата е во фаза на тестирање и сеуште ја немаат сите корисници, пишува BGR.com.
Ова е тоа што треба да го направите за да работи оваа функција:
На страницата на својот Gmail кликнете на икончето кое наликува на запчаник и потоа на settings, односно поставки. Кога ќе се отвори settings треба да се пронајде опцијата Labs и да се влезе во неа, а таму се наоѓаат експерименталните функции на Gmail. Во тој список треба да се пронајде опцијата “undo send” и да се активира “enable”, а потоа “save”.
Откако сте го направиле горе наведеното, кога ќе пратите пошта која не сакате да пристигне до примачот, на врвот ќе се појави опција која ќе ви овозможи да го поништите праќањето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град