Google развива технологија за пресметка на калории во храната преку фотографија

Технологијата Im2Calories ќе може да ги пресмета калориите во храната од фотографија

 |  инфодеск  | 

Ако подетално се прегледа Instagram, освен убави девојки и момци ќе видите дека е преполн и со разноврсна и вкусна храна. Но, моментално нема технологија која ќе ја препознае храната од фотографиите и количеството на калории во истата. Google одлучи да се занимава со овој предизвик и го нарече Im2Calories.

Се работи за технологија на вештачка интелегенција која има за цел да ја идентификува фотографијата со храна која е објавена на Instagram и да му покаже на корисникот колку калории има во тој оброк.

Од Google велат дека луѓето сакаат да ја знаат оваа информација но, исто така се свесни дека технологијата може да згреши околу 20% во пресметките, но она што е важно е да се пресмета седмичниот или годишниот просек во калории.

Технологијата работи на принцип на длабочина на пиксели на фотографијата и софистициран алгоритам кој ја проучува и препознава големината и обликот на храна. Google веќе ја патентираше оваа технологија.

Jason Freidenfelds, портпаролот на Google, вели дека алгоритмите сеуште се во фаза на истражување и засега нема финален производ.

Како и да е, се чини дека наскоро со фотографирање на храната ќе знаеме и колку калории внесуваме во себе, или колку од нив трошиме, а тоа навистина звучи како добра идеја.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top