Google подарува бесплатно алатки за обработка на фотографии

Пакетот до неодамна чинеше 499 долари, а Google сега го нуди бесплатно

 |  инфодеск  | 

Nik Collection софтверот за обработка на фотографии на пазарот е присутен веќе две децении и во круговите на професионалците за фотографија, кај ентузијастите и општо кај љубителите на фотографија имаше добар рејтинг. Секако, квалитетот секогаш имал цена, па NikCollection беше скапа алтка за обработка на фотографии која до неодамна чинеше 499 долари. Тогаш се појави Google, ја купи компанијата Nik и ја намали цената на софтверот на 149 долари, со што јасно покажа сериозност на пристапот кон своите алатки и сервиси. Новиот доказ за ова ќе ги воодушеви сите љубители на фотографијата бидејќи Google одлучи комплетниот пакет на Nik Collection да го нуди сосем бесплатно.

Во пакетот се наоѓаат седум алтки: Analog Efex Pro која служи за додавање на аналогни ефекти и симулација на фотографии снимени со аналогни апарати со филм. Со Color Efex Pro се добиваат сет на филтери за корекција на боја, ретуширање и креативни ефекти. Silver Efex Pro е извонредна алатка со која секоја фотографија ќе се претвори во црно-бела со предефинирани ефекти или со рачна обработка. Viveza нуди можност за прилагодување на боите и тоновите без користење на маск функцијата или селектирање на одреден дел од фотографијата. HDR Efex Pro овозможува брз и едноставен влез во светот на HDR фотографијата. Sharpener Pro служи за изострување на било која фотографија во нејзината припрема, на пример испис во големи димензии. Dfine е алатка за редукција на шум на фотографијата снимена при послабо осветлување и со повисоки ISO вредности.

Софтверот Nik Collection бесплатно може да се превземе на следниот линк.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top