Google ќе ја елиминира Исламска држава од “отворениот”интернет

Факт е дека Исламска држава многу интелегентно се служи со социјалните мрежи

 |  инфодеск  | 

Борбата против Исламска држава не е само во реалниот туку и во виртуелниот свет и на социјалните мрежи. На сите им е познато дека оваа терористичка организација своите активности ги промовира на медиумите како што се Facebook и Twitter, со чија помош собираат нови членови и даваат впечаток дека се многу поголеми отколку што навистина се, пишува Guardian

Факт е дека Исламска држава многу интелегентно ги користи социјалните мрежи и интернет воопшто и многу е тешко да се исфрли таква организација од интернет. Но, она што во Google го разгледуваат е Исламска држава да се исфрли од отворениот web, така што ќе им преостане користењето на TOR и “dark” web.

“Новината е тоа што тие можат да оперираат без да се мешаат во интернетот во кој сите уживаме”, истакнал Jared Cohen директор на Google Ideas и надзорник на Alphabet. Нивните членови користат различни профили за да ја величаат организацијата, но Cohen вели дека е тешко да се исфрлат од “dark”web со оглед на тоа дека тој е направен од разни алатки со кои се служат да бидат анонимни.

Исто така, Cohen вели дека една од опциите е згаснување на Twitter профилите, но исто така е јасно дека ќе се појавуваат нови откако старите ќе згаснат.”Ако ништо друго, барем ќе се успори промовирањето и активностите на групата”.

“Интернет е убаво место кое ни овозможува работи кои не сме можеле ниту да ги замислиме пред неговото постоење, но исто така мораме да се свесни на фактите дека сите добри работи можат да се претворат во лоши како шро е примерот со Исламска држава. Нивните активности неможат да се запрат, но дефинитивно можат да се намалат”, заклучил Cohen.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top