По неодамнешната конференција на која Microsoft го претстави својот прв преносен компјутер, новиот модел Surface hybrid и првите паметни телефони кои ќе ги покренува Windows, на технолошките портали може да се прочитаат сѐ повеќе текстови со суперлативи за компанијата и извршниот директор Satyi Nadell. Така, некои од порталите велат дека Microsoft под Nadell стана интересна и возбудлива компанија чии производи ќе се исчекуваат со големо нетрпение, а спрема новинарот на BGR, нивниот прв лаптоп Surface Book би можел да биде најинтересниот производ кој Microsoft го претставил последните години.
Станува збор за класичен лаптоп чиј екран може да се одвои и да се користи како таблет а дијагоналата му е 13,5 инчи со резолуција 3000х2000 пиксели кој е чувствителен на допир, со предна камера од 5МР која поддржува Windows Hello аутентификација, а со задната камера од 8МР поддржува Full HD видеа. Опремен е со последниот процесор на Intel Core i5, односно Core i7 и со графика на Nvidia GeForce. Достапен е со меморија од 8 и 16 GB, а корисниците можат да одберат помеѓу SSD капацитет од 128 GB до дури 1 ТВ, што секако влијае и на самата цена на уредот.
Почетната цена на уредот не е ниска и за моделот со 128GB SDD потребно е да се издвојат 1.500 долари (моделот сепак има графика на Nvidia), додека цената на оној со 1TB е 2.700 долари.
Почетокот на продажбата на Surface Book е најавена за 26 ноември, додека пред нарачките на страниците на Microsoft започнаа минатата среда. За само една недела од оваа компанија објавија дека сите модели предвидени за пред нарачки се распродадени.
Surface Book не е само обид на Microsoft да го стресе пазарот на лаптопи на кој е забележан голем пад, туку со овој компјутер сакаат да им покажат на другите производители како може да се направи силен компјутер кој ќе ги искористи сите можности на Windows 10, но и со дизајнот и опциите да привлече голем број на корисници, кој на технолошките портали го нарекоа најтенок и најсилен “ултимативен преносник”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град