Годишниот буџет на мафијата

Организираниот криминал длабоко всаден во финансискиот сектор

 |  инфодеск  | 

Годишната пресметка на организиран криминал во Италија е поголем од пресметките на Европската унија, со поголема сума потрошена надвор од Италија, објавило италијанското министерство за надворешни работи.

“Годишниот буџет на организиран криминал преминува 200 милијарди евра”, рекол Џовани Брауци, директор на одделот за безбедност во министерството, додавајќи дека од тие пари само 10% остануваат како инвестиции во Италија, а остатокот во земјите низ Европа и светот. “Секаде имаат добри пријатели”, рекол Брауци.

За споредба, буџетот на ЕУ за 2014 година изнесува 140 милијарди евра. Брауци на конференцијата за сигурносен компјутерски криминал во Брисел, исто така, рекол дека мафијата, кога се во прашање помали компјутерски криминални закани на интернет, соработува со италијанското правосудство во обостран интерес.

Спрема неговите зборови, мафијата отстапува докази на правосудните органи за да се пронајдат тие групи и да се спречат заканите. На тој начин ги штитат своите активности и го продолжуваат својот бизнис вообичаено. На платната листа на мафијата се врвни адвокати и менаџери.

Брауци тврди дека италијанскиот организиран криминал е длабоко всаден во најважните компании во финансискиот сектор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top