Две години од мистериозното исчезнување на авионот МН370

Некои фамилии на жртвите од исчезнатиот авион МН370 веруваат дека тие се живи

 |  инфодеск  | 

Фамилиите на жртвите не се уверени дека остатоците пронајдени на францускиот остров, Reunion, во Индискиот океан, се остатоци од малезискиот патнички авион МН370 кој исчезна од радарите пред две години за време на летот од Тајланд кон Кина. Тие изразиле фрустрации поради, како што велат, неспособноста на малезиските власти во истрагата околу исчезнатиот авион.

“Нашето разбирање за неспособноста се недостаток на транспарентност и сочуствата на малезиските власти низ целиот процес и не ни дава причина да веруваме на најавите и мотивите во истрагата на моменталните траги. Се прашуваме што ќе се случи, доколку до јуни 2016, не се пронајде МН370 во јужниот дел на Индискиот океан”, стои во изјавата на фамилиите на жртвите на исчезнатиот авион”.

Тие веруваат дека оние кои биле во авионот би можело да се сеуште живи и дека ќе им простат на тие што ги држат во заложништво, во замена за нивно пуштање.

Фамилиите велат дека потрагата од 8-ми март до 28-ми април 2014 година во длабочините на морето и онаа од 6-ти октомври 2014 не пронашле ништо важно, иако се пребарани 4 милиони квадратни километри.

Во изјавата уште стои дека властите не го објасниле одложувањето на објавата на сателитските податоци кои им дале повеќе информации за тоа каде треба да се насочи потрагата.

Исто така наведуваат дека постоел уверлив доказ дека остатоците насукани на островот Reunion за кои е кажано дека е дел од авионско крило, не се од исчезнатиот Боинг 777.

Да потсетиме дека малезиската влада ги прогласи сите 227 патници и 12 членови на екипажот за мртви, а исчезнувањето на авионот го прогласи за авионска несреќа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top