Гледаат филмови и заработуваат

500 до 1000 долари месечно.

 |  инфодеск  | 

За некого звучи работа од соништата да заработуваш од 500 до 1000 долари месечно од гледање филмови за возрасни и да им даваш наслови. Меѓутоа, освен неверојатната динамика на екранот, поради работата од дома и контактите преку интернет, Мирела Познановиќ тврди дека ова е досадна, осамена и рутинска работа.

Добиваш документ од неколку илјади линкови со видео-клипови, ќе погледнеш десетина скриншотови, ќе заклучиш што се случува и даваш наслов или краток опис. Секако е поинтересно од секојдневните работи но кога ќе мораш да опишеш една иста работа на илјада различни начини тогаш станува напорно – раскажува Мирела Познановиќ.

Оваа работничка на американска компанија која уредува неколку илјади вакви интернет страници, вели дека работата, секако на англиски, бара одлично познавање на сленговите и синонимите и огромна креативност, бидејќи насловите не смеат да се повторуваат.

Она што таа го истакнува како предност во работата што моментално ја работи е тоа дека нема непотизам, туку за секое напредување си заслужен сам, а надредените ти ја ценат идејата и мотивацијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top