Главната награда на лотаријата Powerball и во вторникот продолжи да се зголемува и моментално е поголема од 1,5 милијарди долари и износот предизвика незапамтена еуфорија во САД.
Добитната комбинација на броеви 5+1 никој не ја погодил веќе два месеци, иако извлекувањата се одржуваат два пати неделно, среда и сабота. Износот на џек-потот уште минатата недела го собори рекордот со искачување на 950 милиони долари.
Иако можноста за добивка е многу мала, 1:292 милиони, веќе со денови трае опсадата на уплатните места, а неретко се создаваат непрегледни редици каде можат да се сретнат и Мексиканци и Канаѓани кои дошле само да ја уплатат својата лото комбинација.
Спрема стандардната методологија на американската лотарија, победникот, во случај да побара еднократна исплата, ќе добие 930 милиони долари, а полниот износ ќе го прими ако се одлучи за исплата на рати во следните 29 години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град