Германската полиција во станот и куќата на Andreas Lubitz, копилотот кој самоубиствено го урна авионот на Germanwings, запленила многубројни работи, вклучувајќи го и личниот компјутер на копилотот.
“Пронајдовме нешто што ќе биде предмет на тестирање. Во моментов не можеме да кажеме за што се работи, но тоа би можело да биде значајна трага за мотивот за тоа што се случи”, рекол Markus Nisczery, портпаролот на полицијата, а пренесува BBC.
Сепак полицијата подоцна изјави дека не се работи за порака за самоубиство, а во германските медиуми се појавија известувања дека Lubitz страдал и од депресија.
Британскиот Daily Mail пишува дека Lubitz можеби страдал од “лична криза”, односно неодамнешен прекин на врска, но таа информација не е официјално потврдена.
Она што е сигурно и што го потврди германската влада е тоа дека Lubitz не бил претходно познат на германските безбедносни служби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град