Германија започнува протерување на околу 200.000 економски мигранти

Бегалската криза го забрза процесот на протерување во Германија

 |  инфодеск  | 

Германија со новиот, построг, закон за азил од денес започнува со примена иако беше предвидено законот да стапи на сила од 1 ноември, објавено е денес во Берлин.

“Сојузните покраини, заеднички со сојузните органи, наредните денови ќе започне со засилено протерување на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Германија. Со таа цел веќе се организирани чартер летови од различни аеродроми во Германија”, рекол германскиот министер за внатрешни работи Thomas de Maiziere најавувајќи за утре примена на оваа мерка.

Шефот на кабинетот на канцеларот, Peter Altmeier, кој неодамна ја превзеде координацијата за совладување на бегалската криза, рекол за јавниот сервис ARD дека поместувањето на терминот за построг однос спрема одбиените азиланти и економски бегалци е јасен сигнал. “Ние сакаме, кога е во прашање протерувањето на оние кои немаат право да останат во Германија, тоа да биде ефикасно и побрзо, а резултатите сакаме да ги видиме до крајот на годинава”, рекол Altmeier.

Еден од најважните елементи во новиот закон е тоа што властите во иднина нема да го најавуваат протерувањето, што досега доведуваше до тоа, лицата на кои им се закануваше протерување да не бидат на адресата која ја имаат пријавено.

Спрема некои проценки преку 200.000 лица чекаат протерување од Германија, но поголемиот број имаат статус на кој официјално им се бришат причините кои спречуваат протерување. Во голем број случаеви протерувањата во изминатите години не се извршувале од хуманитарни причини. Општините и градовите најавиле дека оваа година ќе отстапат од оваа пракса.

Моментално и со Турција, но и со други земји од каде доаѓаат најголемиот број на лица кои немаат право на азил, се работи на усогласување на мерките за враќање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top