Патувањето со автомобил низ Германија во иднина странците ќе ги чини најмалку 10 евра повеќе отколку досега.
Имено, толку ќе чини најефтината 10 дневна вињета за возење по патиштата низ Германија. Едногодишната вињета ќе чини 100 евра, а за два месеца 20 евра.
Германскиот министер за сообраќај, Alexander Dobrindt, одлучил тоа да важи за сите германски патишта за да нема излегувања од автопатиштата за да се заштеди возејќи по останатите споредни патишта.
-Вињета, само по автопат би довела до преусмерување на сообраќајот, а тоа не сакаме да го направиме – вели министерот, инаку член на CSU, сестринска партија на владеачкиот CDU, а сеуште не е јасно дали предлогот на министерот ќе биде прифатен од страна на германската влада и канцеларката Меркел.
Вињетите би се разликувале по боја кои ќе бидат поврзани со класата на автомобилот, годината на производство и резултатите од еко-тестот, што значи дека нема да може некој со BMW да се вози со вињета од мало возило.
Во Германија, од околу 170 милиони возила од странство, кои годишно ги користат тамошните патишта, очекуваат приход од 2,5 милијарди евра.
Ако ги воведат вињетите, Германија ќе биде осма членка која на тој начин ќе наплаќа патарина. Вињети веќе имаат Австрија, Бугарија, Романија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија. На пример, во Словенија еднонеделна вињета за лично возило чини 15 евра, а во Австрија 10 дневна е 8 евра. Во сите останати земји се наплатува по прејден километар. Во Италија и Франција, на пример, за 100 прејдени километри се наплаќа 5 евра, а во Хрватска околу 6 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град