Германија: Уапсен главниот осомничен за регрутирање во Исламска држава

Плановите за можни напади биле во многу рана фаза

 |  инфодеск  | 

 

Германската полиција извршила рација на повеќе од десет локации во Франкфурт и уапсен е Тунижанец обвинет за регрутирање за Исламска држава и собирање на истомисленици за извршување на напади во Германија.

Обвинителството од Франкфурт соопшти рано утринава дека во регионот е извршен претрес на 54 станови,канцеларии и џамии, а истрагата била насочена против 16 лица помеѓу 16 и 46 години.

Главниот осомничен (36) е уапсен во Франкфурт и за него се верува дека од август 2015 врбувал и криумчарел за Исламската држава.

Обвинителството истакнува дека плановите за можни напади биле во многу рана фаза и дека не била одредена сеуште конкетна цел за напад.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top