Германија рај за перење пари и затајување на данок

“Скандалите со германските банки ќе ги немаше ако немаше можност за криење на пари”

 |  инфодеск  | 

Иако важи за политички и економски мотор на Европа, Германија е мотор и во незаконски финансиски работи, стои во извештајот на Европската мрежа за долгови и развој (Eurodad) која брои 46 невладини организации од 20 европски држави.

Нивната студија за 15 европски држави, кои ја пренесоа водечките светски медиуми, истакнува дека постојат сериозни закани на создавањето транспарентен даночен систем во Европа базиран на еднаквост, а една од најголемите пречки е Германија.

Критиките до најголемото европско стопанство се нечесни даночни договори со развиените држави, недоволно транспарентен регистер на сопствеништво над компаниите, недоволна поддршка на даночните извештаи на други држави, и недоволна поддршка за реформи на глобалниот даночен систем кои го иницираат Обединетите нации.

Tove Ryding, даночна координаторка во Eurodad, за CNBC изјавила дека не ја зачудила лошата позиција на Германија во извештајот.

Потсетувајќи на неодамнешните скандали во кои беа вклучени германските банки, Ryding додала дека тие скандали не би биле доколку во Германија не би било можно да се скријат или исперат пари. Портпаролот на министерството за финансии не бил достапен за коментар околу извештајот на Eurodad.

Со Германија, Луксембург, исто така, “нуди различен избор на опции за криење на сопствеништвото и перење на пари”, а извештајот наведува и дека има “највисок ризик за перење на пари”.

Позитивни примери според извештајот се Данска и Словенија. Словенците симпатиите ги стекнале во извештајот поради унапредувањето на транспарентноста на системот за сопствеништво над компаниите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top