Во борбата за подобра заработувачка и услови за работа, вработените на аеродромите и јавните служби во германските покраини, се наоѓаат во предупредувачки штрајк кој како што пренесуваат германските медиуми, ги погодил аеродромите во Франкфурт, Минхен, Келн, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Штутгарт…
Поради штрајковите во јавните служби ширум германија и на аеродромите, дошло до големи доцнења и откажувања на летови, а само во Франкфурт, најфреквентниот аеродром, има околу 2500 штрајкувачи, пренесуваат германските медиуми.
Луфтханза уште вчера анулирала 600 летови и им соопштила на патниците, кои за 27 март имале билети од Франкфурт, Минхен, Дизелдорф, Келн, Хамбург или Хановер, можат бесплатно да ги заменат билетите за некој друг термин, но дозволена е само една промена.
Германската железница ангажирала додатни возови на тесните грла, а и на аеродромите, како што е франкфуртскиот, ангажирани се и додатни соработници, за да можат на патниците да им ги објаснат алтернативните можности за патување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град