Како и дали Германија го крши договорот од Шенген?

Не се почитува една од најконкретните придобивки на Европската унија?

 |  инфодеск  | 

Шенгенскиот простор, една од најконкретните придобивки на Европската унија е подрачје каде има слободно движење и каде се укинати контролите на патници, освен во вонредни ситуации.

Таканаречениот Шенген опфаќа 26 европски земји, од кои 22 се членки на ЕУ и четири кои не се членки Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Бугарија, Романија, Кипар, Хрватска, Ирска и Велика Британија не го сочинуваат иако се членки на ЕУ.

Тој простор се шири од 1985 година по договорот склучен помеѓу неколку европски влади во Шенген – Луксембург. Во тој простор граѓаните на ЕУ, како и државјани од трети земји можат слободно да се движат без контрола на границите, но на летовите внатре во ЕУ кои ги поврзуваат една членка на Шенгенскиот простор со друга вон него, потребни се контроли на границите.

Ова подрачје функционира како една држава со традиционални контроли за оние кои влегуваат и излегуваат од тој простор, но без внатрешни гранични контроли но и со засилен надзор вон тие граници. Земјите членки кои се наоѓаат на границите се одговорни за организирање на строги контроли на тие граници и за издавање визи за краток престој на лицата кои влегуваат таму.

Припадноста на Шенгенскиот простор вклучува и полициска соработка помеѓу сите членки во борбата против организираниот криминал или тероризам, со размена на податоци како што е Шенгенскиот информациски систем (SIS).

Иако внатрешните граници не би требало да постојат, освен на хартија, членките имаат можност за повторно воспоставување на вонрендни и привремени контроли. Тие мора да бидат оправдани со “тешка закана за безбедноста” или “тежок пропуст на надворешната граница”, кој може да го изложи на опасност глобалното функционирање на Шенгенскиот простор, се вели во еден документ на Европската комисија.

Се чини дека германската одлука повторно да воведе контрола на своите граници, особено со Австрија, е одговор на масовниот прилив на мигранти, а воедно е во согласност на тој документ, внимателно реагирала Европската комисијата.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top