Сликата која ја објави НАСА покажува колку е навистина “мрачна” Северна Кореја гледана од вселената.
На сликата јасно се гледа дел кој е обвиен во мрак и потсеќа на чудно обликуван дел од морето, меѓутоа во прашање е Северна Кореја гледана од вселената од меѓународна вселенска станица.
Ова е мрачен потсетник на тоа колку е фигуративно и буквално оваа земја во мрак. Главниот град Пјонгјанг со 3.26 милиони жители изгледа потполно исто како Гунсан, град во Јужна Кореја со 280.000 жители.
Остатокот од државата е во потполн мрак и многу лесно може да се каже дека е продолжение на Жолтото море.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град