Фотографија за Гинисов рекорд

Најголема “селфи” фотографија на светот

 |  инфодеск  | 

Како една од предностите на својот смарт телефон, Lumia 730, од Microsoft ја издвоија одличната предна камера со резолуција од 5MP која е идеална за “селфи” фотографии и видео повици. За да покажат колку е совршена оваа камера за ваков вид на употреба Microsoft со својот телефон снимил фотографија во Бангладеш и ја нарекле “најголем селфи на светот”. Учество во оваа фотографија земале повеќе од илјада лица, а на Facebook страницата од Microsoft има повеќе од 47.000 допаѓања и сигурно е дека компанијата ќе ја искористи во идните маркетиншки активности. Microsoft оваа фотографија веќе ја пријавил и во Гинисовата книга на рекорди и сега чекаат потврда дека ова навистина е најголемиот “селфи” во светот (иако досега се снимени фотографии на концерти и слично, но не се пријавени во Гинис).

“Сигурни сме дека наскоро оваа фотографија ќе се круниса како најголем селфи на светот”, објавиле по овој повод од Microsoft.

Имено, Lumia 730 има екран со дијагонала 4,7 инчи и резолуција од 1280х720 пиксели, работи на процесор Snapdragon 400, има 1GB RAM и 8GB интерна меморија. Од задната страна има 6,7 МР камера со која може да се снима 1080р видео записи, а интересно е тоа дека Full HD видео записи можат да се снимаат и со предната камера. Иако ова не е најсилниот паметен телефон на Microsoft станува збор за солиден уред и еден од најдобрите телефони за правење “селфи” фотографии кој наскоро и официјално може да влезе во книгата на Гинисови рекорди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top