Ова е втор пат зимава во североисточниот дел на САД да има голем студ при што замрзнаа и Нијагарините водопади, а 169.000 кубни метри вода кои во просек поминуваат низ нив секоја минута, се претворени во мраз.
Протокот на вода на Нијагарините водопади во принцип е доволно силен да може да одолее на температурите како што се оваа зима, но во понеделникот рекордно ниската температура од -13 го застана водопадот – а фотографите ја искористија оваа прилика да направат фасцинантни фотографии каде водопадите се осветлени со рефлектори во разни бои.
И во јануари се случи истата појава, водопадот да замрзне, кога таканаречениот поларен вортекс ги претвори водените слапови во мраз.
Во текот на ноќта помеѓу понеделник и вторник температурата била -17, а топење на мразот во скоро време не се очекува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град