Јужнокорејската компанија Samsung спрема тврдењата на извори блиски на компанијата би требало да претстави два смартфони кои ќе бидат на свиткување и кои би биле спремни за претставување на почетокот на 2017 година.
Засега има малку детали, но се шпекулира дека првиот уред ќе биде комбинација на паметен телефон и таблет со 5 инчен екран кој ќе може да се зголеми на дури 8 инчи кога уредот потполно ќе се отвори, а другиот уред ќе биде на расклопување со екран од двете страни.
Samsung двата уреди би можел да ги претстави на Mobile World Congress кој се одржува идната година во Барселона кон крајот на февруари.
Споменатите уреди се моментално во фаза на развој и нема да бидат дел од семејството Galaxy S.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град