Фејсбук со три пати поголем профит

Компанијата покажала резултати и продолжува со раст

 |  инфодеск  | 

Нето профитот на социјалната мрежа Фејсбук е зголемен, во првиот квартал од 2014 година, за три пати во однос на истиот период лани, и достигнал 642 милиони долари.

Компанијата соопштила дека во овој период приходите се зголемени за 72%, 2,5 милијарди долари, во однос на 1,46 милијарди долари една година порано.

Најголем дел од тримесечните приходи се отстварени од реклами (91%), кои во однос на првото тромесечие во 2012 година забележале раст од 82%, или 2,27 милијарди долари.

На веста за финансискиот извештај, акциите на компанијата пораснале за 3%, на 63,18 долари по акција.

Фејсбук покажа одлични резултатии продолжува да расте, укажал сопственикот на компанијата Mark Zuckerberg.

“Одлично почнавме во првиот квартал. Направивме долгорочни планови за во иднина, а при тоа не го запоставивме усовршувањето на основните производи и стратегии на работењето”, нагласил тој.

Во соопштението на компанијата истовремено се наведува дека досегашниот директор на Фејсбук, Дејвид Еберсман, одлучил да ја напушти компанијата после 5 години работа. Од 1 јуни 2014 таа должност ќе ја превземе потпретседателот на Фејсбук за корпоративни финансии, бизнис и планирање, Дејвид Венер.

Фејсбук е најголема социјална мрежа во светот со капитализација од 157 милијарди долари, основана во 2004 година. Секој месец мрежата е посетена од 1,28 милијарди корисници.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top